Bosch GLL 3-50P Especificaciones Pagina 149

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 239
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 148
Македонски | 149
Bosch Power Tools 1 618 C00 99J | (10.10.13)
Сите четири начини на работа може да се изберат со и без
автоматика за нивелирање.
При режимот на работа со вкрстени линии и вертикален
режим, со вртливото тркалце 18, вертикалните линии
може точно да се постават на мерниот објект.
Импулсна функција
За работење со ласерски приемник 27 мора – , независно
од избраниот начин на работа, да биде активирана
импулсната функција.
При активирана импулсна функција, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 27.
За да ја вклучите импулсна функција, притиснете го
копчето 3. При вклучена импулсна функција приказот
свети 2 зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучена импулсната функција.
Заработење без ласерски приемник, исклучете
ја импулсната функција со одново притискање на
копчето 3. Кога е исклучена импулсната функција, се
гаси приказот 2.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога или прицврстете го на обичен фото статив.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција
„ on.
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±4°. Штом ќе
престанат да трепкаат ласерските линии, мерниот уред е
изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4 °
од хоризонталата, ласерските линии трепкаат. Во ваков
случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и
почекајте го самонивелирањето.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
линија во однос на референтните точки за да се избегнат
грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во
позиција „ on. При исклучена автоматика за
нивелирање, ласерските линии континуирано светат.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Во режимот со вкрстени линии, двете
ласерски линии повеќе не поминуваат принудно
вертикално една кон друга.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е
возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на.пр.
падови или јак потрес). Поради тоа, пред секоја употреба
проверувајте ја точноста на уредот.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа
точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска
линија.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 м на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
–Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред. Изберете го режимот на
вкрстени линии со автоматиката за нивелирањ
е.
Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на
ѕидот (точка I).
A
B
5 m
OBJ_BUCH-1973-002.book Page 149 Thursday, October 10, 2013 4:45 PM
Vista de pagina 148
1 2 ... 144 145 146 147 148 149 150 151 152 153 154 ... 238 239

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios